Паркот на ветерни електрани (ПВЕ) "Богданци" влегува во својата финална фаза. Пристигнаа компонентите од кои ќе бидат изградени ветерните турбини, од пристаништето во Солун преку граничниот премин Богородица. Од Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) посочуваат дека станува збор за исклучително сложена операција, бидејќи за превоз на една ветерница, компонентите се распоредени во десетина огромни камиони, што формираат конвој подолг од еден километар. Тежината на сите компоненти надминува 330 тони. Најголема тежина има гондолата во која се наоѓа генераторот и овој товар тежи 85 тони. Возилото со кое се превезува наглавокот што претставува компонента која ги спојува перките тежи 28 тони. Трите камиони што ги транспортираат перките се долги преку 50 метри, а секој носи товар од по 12 тони, а оние што се натоварени со сегментите за столб тежат по 50 до 60 тони.
Паркот на ветерни електрани (ПВЕ) "Богданци" влегува во својата финална фаза. Пристигнаа компонентите од кои ќе бидат изградени ветерните турбини, од пристаништето во Солун преку граничниот премин Богородица.
Од Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) посочуваат дека станува збор за исклучително сложена операција, бидејќи за превоз на една ветерница, компонентите се распоредени во десетина огромни камиони, што формираат конвој подолг од еден километар. Тежината на сите компоненти надминува 330 тони.
Најголема тежина има гондолата во која се наоѓа генераторот и овој товар тежи 85 тони. Возилото со кое се превезува наглавокот што претставува компонента која ги спојува перките тежи 28 тони. Трите камиони што ги транспортираат перките се долги преку 50 метри, а секој носи товар од по 12 тони, а оние што се натоварени со сегментите за столб тежат по 50 до 60 тони.
- Во наредните денови ќе почне и монтажата на ветерницата, а паралелно ќе продолжат да пристигнуваат и да се монтираат останатите турбини на локацијата Ранавец кај Богданци. Согласно воспоставената динамика, ќе се транспортираат по две ветерници неделно, што како операција ќе тече во наредните два месеца, а ветерниот парк се очекува да биде ставен во функција во текот на првото тромесечје од наредната година - вели Дејан Бошковски, генерален директор на АД-ЕЛЕМ.
Инсталираната моќност на секоја од нив е 2,3 мегавати, висината на столбот изнесува 84 метри, а дијаметарот на елисата 93 метри.
Во мај годинава на локацијата Ранавец кај Богданци беше означен почетокот на градежните активности на ПВЕ-Богданци, а завршена е изведбата на потребната инфаструктура. Проектот предвидува изградба на 16 ветерни електрани кои треба да испорачуваат околу 100 гигават-часови природно одржлива енергија, што на годишно ниво е доволно за снабдување на домаќинствата на 60.000 граѓани на РМ.
Во овој проект вреден 55,5 милиони евра, АД-ЕЛЕМ учествува со 7,6 милиони евра сопствени средства, а останатите 47,9 милиони евра се обезбедени со заем од Владата на Сојузна Република Германија преку КФВ-банката.